На Леснар му е одземена победата над Хант!

mark-hant-brok-lesnar-komp

Спортската комисија на Невада синоќа одржа сослушување на кое Брок Леснар ја дозна казната за за падот на допинг тетсот за време на борбата со Марк Хант.

Поранешниот шампион во тешка категорија и ВВЕ/WWE ѕвезда беше суспендиран на една година и покрај тоа мора да плати казна од 250.000 долари, што е 10 отсто од неговоите приходи од 2,5 милиони долари кои му припаднаа за овој настап. Леснар ќе остане без победа над Хант, кој ќе се промени во „не е одлучена“.

Да потсетиме, Леснар двапати беше позитивен на блокаторот естроген хидрокси-кломифен. Еднаш од воннатпреварувачкиот (28 јуни ), а еднаш на тестирањето за времена мечот (на денот на настанот).

print

Можеби ќе ви се допадне...