Најуспешните џудо клубови за 2018-та: Миоки, Суперџудо, Пролетер, Сеишин, Иппон…

Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ) ја објави листата на најуспешни клубови за 2018 година на која водечката позиција е за Миоки со вкупно 439 поени, пред Суперџудо со 202, Пролетер 191, Сеишин 190 и Ипон 159…

Во првите десет се уште: Дрим, Бушидо, Работнички, Сенсеи и Преспа.

Во предвид се земени државните првенства од пионери до сениори. Првите четири клуба на ранг листата имаат учинок  во сениорска конкуренција, како и Сенсеи. Загрижувачки е што девет клуба се без бодови, три се со поени од пионерска конкуренција и два во пионерска и кадетска, еден само со кадети профитирал.

Ipon.mk

print