Најтрофејните тренери да си платат за СП во Шпанија, за да го гледаат – и порачаа од КФМ

 

На Светското карате првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Тенерифе, Шпанија, од 25 до 29 отктомври ќе учествуваат вкупно 30 македонски каратисти во борби и кати. Најмногу репрезентативци дава Мелатург – 8, потоа Олимпик 5, додека Макпетрол, Гладијатор и Урбан инвест по 3 (Галдијатор и Урбан инвест настапуваат со ката тимовите, Ронин и Фати по 2, а Кеикс, Ботони, Шкендија и Тигар 2003 по 1 репрезентативец.

Во делегацијата на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) ќе патуваат и повеќе тренери од кои двјаца од спомнатите клубови се по службена должност, бидејќи се тренери на репрезентациите – кадети и јуниори Александар Кузмановски (Олимпик) и јуниори 21 Арлинд Хусеини (Фати), додека за катите е задолжен тренерот Стојан Андриевски (Фунакоши Гичин), што е по редот на нештата.

Но, боди во очи што во списокот на другите тренери го нема Мирче Јанушевски од Металург кој има осум натпреварувачи и чии каратисти освоиле многу медали, како и Бошко Заборски (Макпетрол – 3 каратисти) меѓу кои е и единствениот носител на медал од Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21, Петар Заборски, во Софија оваа година. Така, тие не можат да бидат на татамито и да и помогнат на своите каратисти да дојдат до медал, бидејќи тие најмногу тренираат со нив.

Ако сакаат да одат на СП, мораат самите да си ги платат трошоците. И да си ги платат, тие не се акредитирани и нема можност да ги водат.

Дали тоа значи дека некој се плаши од успехот на нашите каратисти? Нема потреба да се плашат, нека се радуваат, а не да се доведуваме до апсурдни ситуации, како онаа во Софија, кога од разно-разните игри изгубивме неколку медали, а единствениот беше плод на диригирањето од трибината и помошта за навивање дојдена од Скопје.

Од КФМ и порачуваат дека извршени резервации за сместување и авио-билети за сите репрезентативци и за официјалната делегација.

„За ваше  патување и сместување, ве молиме да се обратите во Туристичката агенција Скаут, за да ви помогнат и навремено ви резервираат авио билети и хотелско сместување“, се вели во дописот од КФМ.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...