Најдобриот Белатор до сега: Федор-Митрион, Томсон, Конго, Кошчек…

Plakat Belator 172

Белатор 172 го носи враќањето на најголемиот борец во историјата на слободните борби, Русинот Федор Емелијаненко. Спектакуларната приредба е во сабота спрема недела на 19 февруари.

Многу ќе кажат, а тешко е да не се сложиме дека Белатор 172 е најдобриот Белатор настан до сега. Освен што ќе го видиме враќањето на Федор Емелијаненко во пресметката со сериозниот противник и неодамнешен член на УФЦ, Мет Митрион и другиот дел на списокот е исполнте со одлични мечеви и најголеми ѕвезди кои промоцијата на Скот Кокер може да ги понуди. Тоа е приредба која не се пропушта…

 Федор се враќа…

Некогаш неприкосновениот крал на ММА, Федор Емелијаненко, се враќа во акција по пуаза повеќе од половина година и тоа против неодамнешниот член на УФЦ Мет Митрион. „Последниот император“ во последниот настап го совлада Фабио Малдонадо на приредбата во Санк Петербург, иако, најискрено, може да се каже дека борбата му е поклонета, борбата едвај ја преживеа со бразилскиот боксер. Тоа беше најлошиот меч на Федор во целата кариера. Русинот изгледаше стар и спор, не потсетувше на борец за кој многумина кажуваат дека е најдобар во историјата на слободните борби.

Во првиот настап на Белатор Емелијаненко ќе ги вкрсти ракавиците со Мет Митрион. Американецот целата кариера, што е реткост во овој спорт, ја помина во елитниот УФЦ. Од 2016 година забележа девет победи и пет порази, со тоа што поголемиот број на противници (со икслучок на Белтран) ги совладал со нокаут. Два порази во низа (Ротвел и Браун) го натераа бившиот НФЛ играч да си ја преиспита својата боречка иднина. На крајот заврши во конкурентскиот Белатор каде што му оди многу добро. Во двата досегашни настапи два пати славеше со прекин, па поради тоа  мечот со Федор Емелијаненко е ставен за главна борба на Белатор 172.

Колку Митрион може против Емелијаненко најмногу зависи од „Последниот император“. Иако Русинот е со пет последователни победи, јасно е дека тој веќе не е борец кој во текот на годините се сметаше за најопасниот човек на планетата. Во случај на тежок пораз, не е чудно ако настапот во Сан Хозе му биде последен во кариерата на легендарниот борец. Но, во случај на импресивна победа, јасно е дека цената на Емелијаненко ќе порасне и дека повторно ќе го видиме во Белатор против некое друго големо име.

Томсон на најтежок испит во Белатор

И под  главаната борба носи настап на поранешен УФЦ натпреварувач. Џош Томсон ќе ги одмери силите со Патрик Фрејер – Питбул во лесна категорија. Откако УФЦ пред неколку години го купи Страјкфорс, Томосон беше едно од големите засилувања кои пристигна во елитниот октагон. УФЦ кариерата ја отвори со спектакуларен нокаут против Нејт Дијаз (хај кик), но недостатокот на среќа во понатамошните настапи беше преголем за овој, инаку врвен борец. Поразите со поделени одлуки на судиите од Бенсон Хендерсон и Боби Грин и уште еден изгубен меч од Тони Фергусон (со судиска одлука) го носат „Контендер“ во тешка ситуација пред да го продолжи договорот. Наместо три или четири последователни победи на предизвикувач, Томосон се најде во провалија, па среќата ја побара во конкурентниот Белатор. Таму за сега има две победи од два настапи, а на Белатор 172 го очекува најтешкиот испит во промоцијата. Патрик Фрејер во последниот меч е поразен од Мајкл Чендлер, меч во кој влог беше шампионскиот појас на Белатор. Питбул е член на Белатор од далечната 2011 година и е еден од заштитните знаци на американската промоција. Моменталниот професионален скор му е 16-8, а славатa од овој меч може да му го испере горчливиот вкус од тешкиот пораз кој го доживеа во последниот настап.

Конго – Томсон

Листата на борби во Сан Хозе има и топ тешкаши на оваа промоција. Најдобриот француски борец Чеик Конго ќе ги одмери силите со Британецот Оли Томсон. Не треба да се нагласува дека и Французинот добар дел од својата кариера ја помина во УФЦ (како и Томсон), а откако го изгубија заендичкиот јазик (Конго сакаше подобри финансиски услови) тешкашот кој во својата витрина ја има и главата на Мирко Филиповиќ, среќата ја побара кај Скот Кокер. За сега, во новата околина му оди доста добро. Во пет години натпреварување во кафезот на Брелатор нотираше седум победи и два пораза и со тоа се позиционираше на самиот врв кај надобрите тешкаши на организацијата. Во 2014 година стигна до позиција на предизвикувач и ракавиците ги вкрсти со Русинот Минаков за освојување на појасот на Белатор. Но е поразен со едногласна одлука на судиите. Конго во сан Хозе ќе проба да го совлада Британецот Оли Томсон. Тврдокорните ММА фанови се сеќаваат на кратките епизоди на Томсон во УФЦ, а беа само два меча. Откако е поразен од Џордан и Де Фрајс (2011) со прекини, Томсон брзопотезно доби отказ и следната година ја помина во селење по целата планета и низ разно-разни промоции. Меѓу другото, тој настапуваше и на КСВ, БАММА, ИГФ, ЦСММА… и многу тешко стигна до Белатор. Во единстевниот настап за промоцијата Томсон е поразен од Митрион (Белатор 158), па во Сан Хозе ќе ја бара својата прва победа.

Деби на Кошчек

Главниот дел на вечерта на Белатор 172 го отвора контроверзниот Џош Кошчек на кого ова ќе му биде деби, откако го потпиша договорот во 2015 година. Досегашните можности да настапи во новата промоција му пропаѓаа по ред се до оваа приредба во Сан Хозе, каде што ќе ги одмери силите со релативно непознатиот Мауриси Алонсо. И Кошчек е еден, како и другите борци кои настапуваат на овој настан, а кариерата ја изградиле во УФЦ. Како гранка на Ултимејт фајтер, Кошчек долги годни (од 2005-2015) настапуваше во УФЦ, а во 2010 година доби прилика да се бори за насловот против легендарниот Жорж Сент Пјер. Неколку години подоцна се наредија порази, па помеѓу 2012 и 2015 година не знае за победа, а има пет порази во низа (четири со прекин). Тоа би било премногу дури и за УФЦ милениче. Контроверзниот борец мораше кариерата да ја продолжи во Белатор. Aко судиме спрема аналитичарите, Кошчек не би требало да има тешка борба против Алонсо, а во остатокот од годината планира на Белатор да се сретне со големиот ривал во реванш меч. Се работи за митскиот двобој Кошчек – Дејли кој би требало да дојде во 2017 година.

Белаторr 172 : Федор – Митрион

Федор Емелијаненко Мет Митрион 

Џош Томсон – Патрик Фрејер

Џош Кошчек – Маурисио Алонсо

Чеик Конго – Оли Томсон

print

Можеби ќе ви се допадне...