Наметката на Кличко од мечот со Џошуа продадена за 215.000 долари

Боксерската наметка на двократниот светски шампион во супер тешка категорија, Владимир Кличко, со која тој излезе на рингот за мечот против Ентони Џошуа беше продадена на аукција за сума од 215.000 долари.

Добротворната аукција се одржа во средата вечерта во The Charge II во Лондон.

„Сите средства ќе одат за да ги поддржат добротворните проекти на Фондацијата Кличко. Ви благодарам, момци“, напиша Владимир Кличко на социјалните мрежи.

Средбата против Џошуа се покажа дека е последниата во професионалната кариера на легендарниот Украинец. Тоталниот хегемон во супер тешка категорија во последните 15 години загуби со технички нокаут во претпоследната 11-та рунда, а кога менаџерите на двајцата отидоа во Лас Вегас да преговараат за реванш, Кличко најави дека ќе престане да боксира.

41-годишниот Владимир Кличко има 64 победи во 69 натпревари. Тој немаше пораз во официјален меч во текот на цели 11 години, додека во 2015-тата беше поразен од Тајсон Фјури.

Кличко е олимписки шампион од Аталанта во 1996 година, по што дебитираше во професионалниот бокс. Неговата прва титула ја освои против Крис Бирд во 2000 година.

print

Можеби ќе ви се допадне...