Над 100 ученици на Изборното првенство во борење на Општина Штип

Денес во спортската сала на ООУ „Тошо Арсов” се одржа Изборно првенство во борење на Општина Штип во организација на БК Балканец.

Напрвенството учествуваа над сто ученици во машка и женска конкуренција од училиштата: Тошо Арсов, Ванчо Прќе, Димитар Влахов и Гоце Делчев.

На крајот од натпреварувањето сите ученици добија признание за учество на првенството.

„Ова првенство имаше за цел селекција на млади таленти кои ќе бидат идните борачи на Балканец“, велат од клубот.

print