Му се смешкаше репасаж на Берат Јакупи на Светското првенство и борби за бронзата

Берат Јакупи и покрај трите победи остана без шаанса да се бори во репасажо на Светското карате првенство за сениори во Мадрид, Шпанија, бидејќи Казахстанецот Данијар Јудашев, од кого загуби во чевртфиналето, не се пласира во финалето. Тој во полуфиналната борба е совладан од Валери Чоботар од Украина на изјаснување, затоа што нивната борба заврши 0-0.

Јакупи, кој почна од второто коло, нанижа три победи и во мечот кој одлучуваше за пласман во полуфиналето со Јудашев е поразен со 0-5. Штета за Јакупи, ќе имаше добра позиција во репасажот за бронзениот медал, односно да извојува една победа која ќе му ја даде шансата на кариерата.

Може да се каже дека и Ферри Исиќ имаше забележителен настап во кати осварувајќи две победи.

На Светското првенство учествуваат 1251 натпреварувач од 140 земји во светот.

Светското првенство е најголема шанса за доближување до Олимписките игри во Токио 2020 година, односно за најголем скок на ВКФ ранг листата, за која бодувањето почна од Азиските игри и продолжи низ двете кола од Премиер лигата.

Резултати на СП:
-84 кг
Берат Јакупи – Ахмад Алмесфер (Кувајт) 6-5
Берат Јакупи – Ајхан Мамајев (Азербејџан) 2-0
Берат Јакупи – Михал Бабос (Полска) 4-0
Берат Јакупи – Данијар Јудашев (Казахстан) 0-5

+84 кг
Мартин Несторовски – Вон Рак Ким (Република Кореа) 4-0
Мартин Несторовски – Даниел Гајсински (Канада) 0-3

-68 кг
Моника Стефановска – Анета Ружичкова (Чешка) 1-3

кати
Ферри Исиќ – Јесе Енкамп (Финска) 3-2
Ферри Исиќ –  Муад Уитес (Алжир) 3-2
Ферри Исиќ – Мади Катешов (Казахстан) 0-5
Пуликсенија Јованоска – Ема Браздова (Словачка) 2-3

Ipon.mk

 

print

Можеби ќе ви се допадне...