Мусаси му се реваншира на Лиото Мачида (ВИДЕО)

Гегард Мусаси (46-7-2) му се реваншира на Лиото Мачида (26-9) за поразот во УФЦ пред повеќе од 5 години.

Поранешниот првак на Белатор во средна категорија во првиот меч откако го загуби појасот го победи поранешниот првак на УФЦ во полутешка категорија со поделена одлука на судииите и ја прекина серијата на 41-годишниот Бразилец од четири последователни победи.

Во првото коло од Гран-при во машка категорија, Патрисио Фреир со едногласна одлука го совлада Хуан Арчулета и во во четвртфиналето оди на Педро Карваљо.

Уште во една борба на турнирот, А.J. Мек Ки за само 8 секунди го нокаутира Георги Карахајан, а негов следен противник е Дерек Кампос.

print