Моника Стефановска во репасаж, Ненад Келебиќ има три и оди на четврта победи во Слазбург

Моника Стефановска по двете победи и поразот во групата, доби шанса во репасажот на Карате 1 Серија А турнирот во Салзбург, Австрија, што е најдобар настап на еден наш каратист денеска. Ненад Келебиќ има три победи и во четвртото коло го чека Рафаеле ди Џиоија од Швајцарија.

И Моника Пендаровска имаше две победи и пораз, но, за жал, не доби шанса во репасаж. Сепак, ова за неа е успешен настап, бидејќи имаше поголемо отсутво од оваа лига.

На Карате 1 Серија учествуваат рекордни 99 држави со рекорден број на натпреварувачи 2057.

На Серија А турнирите настапуваат најдобри каратисти од ВКФ ранг листата. Исто така и на овој натпревар се собираат бодови за Олимпските игри во Токио 2020.

Во Салзбург боите на Македонија од 1 до 3 март, како проверка пред Европското првенство во Шпанија, ќе ги бранат:

Резултати
-55 кг – 139
Симона Заборска – Маја Шаерер (Швајцарија) 5-3
Симона Заборска – Сузана Лучиќ (Србија) 2-5
Моника Пендаровска – Јована Вулиновиќ (Србија) 3-1
Моника Пендаровска – Саида Џедра (Алжир) 3-0
Моника Пендаровска – Валерија Алехина (Русија) 0-1
Јована Георгиева – Жужана Шварцова (Словачка) 1-2
Сара Крстевска – Меланија Рондинела (Италија) 6-0
Сара Крстевска – Дуља Максиќ (Србија) 0-0

-68 кг – 107
Моника Стефановска – Констанца Ојарзо (Чиле) 8-0
Моника Стефановска – Лингл Скајлер (САД) 2-0
Моника Стефановска – Елена Киричи (Швајцарија) 0-2
Репасаж
Моника Стефановска – Викторија Резајева (Латвија)

Анѓела Мојсовска – Ли Гонг (Кина) 0-2

-67 кг – 222
Ненад Келебиќ – Лука Кесел (Германија) 8-2
Ненад Келебиќ – Натан Клинт (Холандија) 4-2
Ненад Келебиќ – Валентин Најда (Украина) 4-1
Ненад Келебиќ – Рафаеле ди Џиоија (Швајцарија)

Ацковски Роберто – Лоренцо Милани (Италија)
Константин Василевски – Федор Личагин (Русија) 1-3
Фаик Весели – Јован Чириќ (Србија) 0-2
Давид Петков – Џордан Томас (Англија) 0-4

84 кг – 170
Виктор Крстевски – Анес Чонго (Босна и Херцеговина) 6-2
Виктор Крстевски – Андриј Торошанко (Украина) 3-10

Петар Спасеновски – Максимс Халатинс (Латвија) 4-0
Петар Спасеновски – Мишел Корбалан (Данска) 0-4

Глигор Петков – Рикју Пена (Италија) 2-1
Глигор Петков – Мохамед Елкотби (Египет) 0-2

Ipon.mk

 

print