МОК казни тројца боксери кои се обложувале на Олимпијадата

konlan

Меѓународниот олимписки комитет казни тројца боксери поради обложување на средби од олимпискиот турнир во Рио 2016. Итрите Мајкл Конли и Стив Донели и Британецот Ентони Фаулер добија „остар укор“ од МОК поради кршење на правилото кое забранува на натпреварувачи да вложуваат.

Ниту еден од тројцата не стигна до медалите на Игрите во бразилскиот мегаполис. ОД МОК прецизираа дека Конли, Донели и Фаулер се обложувале на средби, но нема податоци дека се вклучени во шемата за месетење на натпревари.

Тројцата ќе мора да поминат специјална програма ако сакаат да добијат право да учествуваат на Олимпијадата во Токио 2020. Ирската и британската национална боксерска федерација, исто така се опеменати, бидејќи не и ги објасниле правилата за забрана за обложување на натпреварувачите.

print

Можеби ќе ви се допадне...