Могамед Ибрагимов преку Фондацијата „Нима спорт“ донира 8 душеци за борење

Носителот на бронзен медал од ЛОИ во Сиднеј 2000, Могамед Ибрагимов, денеска донираше 8 душеци за македонските боречки клубови преку Фондацијата „Нима спорт“.

Популарниот Моги наведува дека решил да издвои дел од своите средства кои ги добива како носител на државна пензија за да донира опрема за македонските боречки клубови.

„Изминатиот период поминав во многу клубови во Македонија и забележав дека условите кои ги имаат се ужасни. Затоа и се решив на оваа донација. Да помогнеме малку, за да се врати борењето каде што беше кога бев јас. Се надевам дека овој пример ќе го следат и други федерации, спортисти и компании“, порача Ибрагимов.

На промоцијата на оваа донација учествуваа дел од легендите на македонското борење, претставници на највисоките македонски државни институции и спортисти.

Од друга страна, Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) овој месец, на 20 јуни, ќе ја дели опермата, односно душеците кои се предвидени со проектот за развој на борењето, а кој беше промовиран во почетокот на годината.

Ipon.mk

Фото: Спортско радио

 

print

Можеби ќе ви се допадне...