ММА борецот Винс Аредондо загина во бизарна сообраќајна несреќа

Винс Аредондо (34) почина во сообраќајна несреќа.

Неговата сопруга Трејси објави на социјалните мрежи дека тие двајцата патувале на автопатот кога ги удрила гума од друг автомобил што се движел во спротивна насока, а Аредондо починал на лице место. Трејси и Аредондо не ја виделе гумата, а таа имала среќа и преживеала.

Во 2015 година Аредондо го направи аматерското деби и победи во првите 4 борби. Минатата година Винс реши да се пресели во подобрите, а во февруари ја загуби дебитантската борба со Макс Рохскопф со завршница.

Оваа година, Винс Аредондо забележа две победи со нокаут во првата рунда, во март над Стив Коард, а потоа и во мај против Исус Морено. Аредондо последен пат влезе во кафезот на 26 јули и загуби со нокаут во третата рунда од Алекс Санчез. Неговата последна борба беше за Legacy Fighting Alliance, која изрази сочувство за трагичната смрт на еден млад борец.

print