Младеновски – Пинк Пантер не се распаѓа: „Експертите“ за бокс, за кои сме „недораснати“ и најмногу плукаат, не можат соберат 5 боксери!

 

Според некои информации дека по укинувањето на Регионалната боксерска лига (РБЛ), единствениот македонски претставник Пинк Пантер сега е во „распад“, сакавме да провериме дали е тоа вистина. Претседателот на клубот и неуморниот спортски работник, Илија Младеновски беше изненаден од нашето прашање.

„Тоа не е вистина. Тие што тоа го зборуваат, „експертите по боксот“, не можат сите заедно да соберат 5 боксери, а ние имаме над 50. Јас уште лани го почнав пилот проектот за Детска лига, имаше потсмев кај тие „експерти“ кои сакаат ние да не постоеме, а сега сите го прифатија. Детската лига ќе почне во месец март. Децата се на возраст од 13-14 години. Околу 20 деца тренираат во нашиот клуб, а од нив 7-8 имаат и стаж, веќе избоксираа по неколку мечеви.Во месец април планираме да го одржиме и турнирот „Јордан Мијалков“, кој лани не го одржавме заради натрупаниот календар за натпревари. Што се однесува до другите боксери, сите од лани се тука- Александар Ристевски, Денис Муаремовски, Дејан Ристевски, Илчо Јоноски, Никола Арсов, Роберто Ристевски, Половината боксери се од Штип, а другите од Ресен и Охрид. Им порачувам на сите душегрижници и политиката да се вклучи, било кој друг, Пинк Пантер нема да престане да работи! Сега посветуваме внимание и на некои помлади боксери, како на пример Гоше Ѓошев,Бобан Мијалев, Ристе Ристов, Марко Мицевски, Ереј Ахмет“, вели Илија Младеновски.

Што очекува Пинк Пантер во новото првенство?

„Ќе атакуваме на првото место. Имаме добри боксери, кои секојдневно работат под раководстото на тројца тренери.Лани, и покрај „втоорото место“, бевме морални победници во конкуренција на млади. Сепак, боксот е спорт, има и непредвидливи моменти, но, во најмала рака, ќе се бориме за врвот, за првите три места на табелата. Сега ќе ги имаме на собир сите боксери кои лани боксираа во Регионалната , а само формално настапуваа во нашата лига. „Експертите“ за бокс, за кои ние сме „недораснати“ и најмногу плукаат по нас, реков не можат сите заедно да соберат и 5 боксери“.

Во секој случај, овие „искри“ ќе придонесат со внимание да ги следиме боксерсите настани и новото првенство, кое уште сега ветува дека ќе биде интересно…

Ipon.mk/К.М.

print

Можеби ќе ви се допадне...