Мишев поразен, познати противниците на СП на преостанатите тројца репрезентативци

Давид Мишев во дебитанскиот настап на Светското првенство во борење за кадети во Загреб, Хрватска, е поразен. Мишев загуби од Казахстанецот Бекзат Жалгасов со технички туш од 0-10.

Нашиот борач беше немоќен, при што пресилниот Жалагсов работата ја заврши за 30 секунди.

Утре настапуваат преостанатите тројца борачи:

-45 кг Бесир Алили – Ахмет Јуџел (Турција)
-51 кг Аид Салихаси – Андриј Терзи (Украина)
-60 кг Филип Тасев – Гуелбел Џош Форчн Пенан (Брегот на Слоновата Коска)

Да потсетиме дека Бесир Алили на Европското првенство за пионери во Скопје го освои сребрениот медал, но тој е еден од најмладите во својата категорија.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...