Мишев и Камбери утре го кршат мразот на Европското првенство за кадети

На Европското првенство за кадети во борење слободен стил во Сараево, Босна и Херцеговина, утре први настапуваат Давид Мишев (-58 кг) и Кадир Камбери (-85 кг). Камбери ќе се сретне со Агташ од Турција, а Мишев со Рафисарда од Италија.

Наредниот ден настапуваат и преостанатите наши борачи Аид Салихази (-46 кг), Мартин Стојансов (-54 кг), Орхан Џафери (-63 кг) и Бајрам Ајдари (-76 кг).

Тренер на репрезентацијата е Виктор Богданов, а негов помошник Назми Али, додека Бетим Вренези е водач на патот.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...