Митровски: Бронзениот медал на Миа Тодорова е успех, горд сум на сите што го прифатија предизвикот да настапат на ЕП

Македонските кик бокс репрезентативци освоија еден медал на Европското првенство за деца, кадети јуниори во Гиор, Унгарија, и тоа бронзен. Миа Тодорова многу ќе жали, бидејќи финалето и избега за две секунди на крајот на третата рунда, затоа што грчката репрезентативка и осви два поени.

Нашите репрезентативци го платија донокот на неискуството, но на ова влијаеја и други фактори.

Селекторот на македонската репрезентација и претседател на Кик бокс маитаи федерацаијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко, се огласи по настапот на нашата репрезентација.

„Многу мал период, да неречам никаков, имавме за подготовки, бидејки во последен момент поради финансиските средства одлучивме да учествуваме на ова Европско првенство за јуниори со овој број на натпреварувачи. Тие дадоа се од себе нашата земја да ја претстават колку што можат подобро. Може да се каже дека дефинитивно имавме лоша среќа. Нашите репрезентативци се враќаат од ова првенство со еден бронзен медал за Миа Тодорова која беше единствено девојче во нашиот состав. Таа најдобро се избори и покажа исклучителна машка борбеност и пожртвувсност, но во последната трета рунда на 2 секунди пред крајот на противничката и бодуваа два бода и нашата Миа ја загуби борбата. Јас, како претседател, сум горд на нашите натпреварувачи што го прифатија предизвикот, односно понудата од селекторот да ја претставуваат нашата земја, знаејќи дека имаа мал период за подготовки. Овие борби ќе им бидат од големо школо и искуство на нашите натпреварувачи од кои многу ќе научат“, вели Митровски.

Тој истакнува дека спонзорот на репрезентацијата „Драгон“ од Турција задоцнил со испораката на спортската опрема поради настанати проблеми со транспортот. Наместо да стигне на почетокот на првенството и да ја имаат на свеченото отварање, таа стигнала денеска. На отворањето нашата репрезентација купила од опрема од тамошната „Топ тен“ – маички, колку да имаат со што да излезат на отварањето.

„Сопственикот Кадир Алтунаи со жалење ни се извини за оваа случка и лично ја одонесе опремата на Европското првенството“, вели Дејан Митровски.

Ipon.mk

print