Мирсад Бектиќ нокаутиран на УФЦ во Сакраменто (ВИДЕО)

Мирсад Бектиќ (13-2, 6-2 УФЦ) доживеа пораз на настанот на УФЦ во Сакраменто, Калифорнија.

28-годишниот босански борец загуби со нокаут во првата рунда од Џош Емет (15-2, 6-2 УФЦ).

34-годишниот Американец кој живее во Сакраменто го уриваше Бектиќ со преден директ. Не му дозволи да се врати на нозе и со серија на тешки удари го принуди судијата да интервенира и да ја прекине борбата триесет секунди пред карјот на рундата.

Урија Фабер (35-10, 11-6 УФЦ) се врати по две и пол години од пензија и пред своите фанови за 46 секунди го нокаутира Рики Симон (15-2, 3-1 УФЦ).

И Фабер и неговиот соборец од Алфа меил Еммет добија бонус од 50.000 долари за изведбата на вечерта.

Третиот член на ТАМ кој доби бонус во Сакраменто е Андре Фили кој е во првата рунда го нокаутира Шејмон Моралес, додека четвртиот добитник на дополнителни 50 илјади е Џонатан Мартинез за нокаутот на крајот од третата рунда против Кинезот Лиу Пингјуан.

Во главната борба на вечерта поранешниот шампионка во перолесна категорија Жермен де Рандами (9-3, 6-1 УФЦ) за 16 секунди ја нокаутира претходно непоразената Аспен Лад (8-1, 3-1 УФЦ).

print