Мирко Филиповиќ не верува дека ќе има реванш со Федор Емилијаненко

Кој можеше да претпостави дека 13 години откако се бореа Кро Кап и Федор Емилијаненко повторно ќе бидат под закрилата на иста организација – Белатор и пак да се шушка за нивен меч?!

Тогаш Федор успеа да победи со одлука на судиите кој неодамна го нокаутира Френк Мир. Кро Кап ќе проба да му се реваншира на Рој Нелсон за поразот, и тоа за неколку дена.

Сите ќе сакаат да видат меч меѓу Федор и Кро Кап, но Мирко не верува дека тоа ќе се случи:

„Луѓето се уште продолжуваат да ме распрашуваат за битката со Федор, но во моментов не размислувам за тоа и не верувам дека некогаш ќе се случи.

Сепак, тешко е да се каже, но јас веќе немам силна желба да се борам – како што тоа беше порано. И повторно ќе речам дека не верувам оти ќе се случи, но никогаш не вели – никогаш. Не знам дали се поврати по борбата со Мир, бидејќи битката беше премногу кратка, но тој е добро за него. Во моментов се чувствувам одлично, тренирам секој ден и се борам насекаде во светот. За последен пат бев во Јапонија, а сега одам во Лондон и дефинитивно ми е мило. Тешко е да се каже кога ќе се пензионирам, затоа што тоа го правев неколку пати и повторно одлучив да се борам. Затоа решив да се борам додека сум здрав и среќен, што може да трае 2 или 3 битки – се уште не знам. Имам 43 години и овој спорт е полн со повреди, но за сега сум во ред.

Рој е добар човек и борец со здрава муцка од железо и ќе треба да го покажам најдоброто од себе за да го победам“.

print

Можеби ќе ви се допадне...