Миочиќ: Не сум тука за да му бидам пријател на Кормиер

Иако е многу релаксиран во справувањето со неговиот следен противник, Стипе Миочиќ забележува дека не е тука да биде пријател со Даниел Кормиер.

Снимањето на Ултимејт фајтерс го поминаа во пријателска атмосфера, но шампионот во тешка категорија е фокусиран на завршување на четвртата одбрана титула во Лас Вегас на 7 јули.

„Тоа е работа. Му посакувам се најдобро, но, за жал, мора да се бори со мене. Тоа е работа, како што реков“, рече Миочиќ за ММА Викли.

„Не сум тука за да стекнувам пријатели, тука сум да се борам“.

Запрашан дали е задоволен од финансиските услови за борбата со шампионот во полутешка категорија Пожарникарот одговори потврдно.

„Да, дефинитивно. Мојот менаџер Волтер се погрижи за тоа. Не морав ништо да имам со тоа“.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...