Миочиќ за мечот со Џошуа: Тоа ќе биде страотна борба

Борците на УФЦ продолжуваат да ги повикуваат професионалните боксери за средби на боксерскиот ринг, иако сите знаци покажуваат дека тоа е лоша идеја за ММА натпреварувачите.

Сите гледаме со колку восхит се следи евентуалната борба на Конор Мек Грегор против Флојд Мејведер, а Џими Манува продолжува да инсистира дека УФЦ треба да му допушти да се пресмета со Дејвид Хеј. Сега во тоа се вклучува и шампионот во тешка категорија, Стипе Миочиќ, кој сака да се сретне со непобедениот светски шампион Ентони Џошуа.

„Тој е светски шампион и има зошто. Едноставно, ќе биде неверојатно“, рече Миочиќ за Фај сосаети.

„Би било неверојатна можност. Би бил многу благодарен ако се случи тоа. Мислам дека ќе биде интересен меч. Мислам дека луѓето ќе сакаат да го видат“, вели Миочиќ.

Тој за борба со Џошуа зборува уште од УФЦ 211… тоа не е изненадување. Џошуа е на врвот во моментов, откако го победи Владимир Кличко пред 90 илјади гледачи на Вембли. Тоа би било огромна битка ако се има во предвид моменталната популарност на Џошуа, но тоа нема да му пречи на Миочиќ да направи повеќе пари од овој меч, за разлика од секој друг во УФЦ.

Сепак, сите работи водат до Дана Вајт, кој, по се излгеда, планира да ја затвори вратата на боксот спрема MMA по дуелот на Конор Мек Грегор. Мудро, бидејќи организацијата не смее да работи така, секој ќе се обидува да стане шампион, само за да може да побара натпревар со популарен боксер.

print

Можеби ќе ви се допадне...