Милјана Рељиќ е 5-та на Европското клупско првенство во такевондо во Солун

Милјана Рељиќ (-68 кг) го освои петото место на Европското клупско првенство во такевондо во Солун, Грција, во јуниорска конкуренција.

Рељиќ од ТКД Тигри од Скопје во првата средба беше подобра од Евангелија Перистергијану од Грција и славеше со 24-10, но, во наредната борба која беше за пласман во полуфиналето и освојување на најмалку на бронзениот медал, таа загуби од Карлота Занони Пијагет од Шпанија 0-4. Шпанката стана европски првак откако во финалето ја победи Петра Батиќ од Хрватска, додека третопласирани се Грегорија Кирјакиди – Грција и Палмира Татај Лопез – Шпанија.

Од ЕП македонските клубови се враќаат со два медала – златниот на Филип Додевски и бронзениот на Дејан Георгиевски, и двајцата од ТКД Бутел.

Ipon.mk

print