Мила Рељиќ ја продолжи низата на успеси – злато од Астерикс опен во Ниш

Мила Рељиќ продолжува со меѓунардоните успеси, освојувајќи го златниот медал на Меѓународниот таеквондо турнир „Астерикс опен“ во Ниш, Србија.

Мила до првото место дојде со три доминантни победи јуниорска конкуренција. На Астерикс опен викендов настапија 800 натпреварувачи од 11 земји, а ТК Тигри од Скопје учествуваше со четворица таеквондисти.

Во првото коло Мила со технички нокаут ја победи Марија-Елени Стергиу од Грција при резултат 34-6, а во полуфиналната борба славеше против Даница Делиќ од Херкулес од Србија со високи 16-1, додека во финалето триумфираше над извонредната Сандра Стамевски од Империум со 4-3, која во својата кариера има неколку медали од најсилните Г-1 турнири.

„Ова е одличен резултат за Мила, ако се има во предвид дека малку и фалеше да биде прогласена за најдобра јуниорска натпреварувачка. Имено, во вкупната класификација за најдобра натпреварувачка Мила имаше позитива од 44 поени разлика во само 3 победи, додека првопласираната Напилона Бобогијани (Јуниорки -55кг) имаше 25 поени разлика, но од вкупно 4 победи, поради поголема број пријавени учеснички во нејзината категорија“, вели тренерот Александар Ефтимов.

Покрај Рељиќ, од овој  клуб во најсилната А класа настапија и Виктор Петковски во кадети -45кг, јуниорки Александра Крстиќ (-55 кг) и Тамара Младеновска (-63 кг), иако покажаа добри борби, не се закитија со медали. 

Рељиќ годинава го освои петото место на Европското клупско првенство (28.02-03.03.2019), Солун, Грција,златен медал на „Омега опен“ (9 март 2019) во Белград, Србија, шесто место на Мултиевропските игри (20-23.03.2019) во Солун, прво место на Меѓународниот турнир „Скопје опен 2019“ (07.04.2019). Таа учествуваше и на „Софија опен“ Г1 турнир.

print