Мигел Кото го нокаутираше Гил, посака меч со Алварез! (ВИДЕО)

Koto

Мигел Кото (Порторико) повторно ја покажа својата класа во мечот со поранешниот светски шампион Даниел Гил (Австралија) на галавечерта во Њујорк. Тој ја одбрани титулата на Светскиот боксерски совет во средна категорија, откако го нокаутира предизвикувачот во четвртата рунда.Порториканецот демонстрираше исклучителна класа уште на почетокот на средбата. Се заврши по два нокдауна. Тоа беше 40-тиот успех (33 со нокаут) за Кото, кој има и четири порази. Австралијанецот го забележа четвртиот пораз наспроти 31 победа (16 со нокаут).

Веднаш по борбата Кото ја фрли ракавицата на мексиканската ѕвезда, Сол Алварез.

„Ако луѓето сакаат да го видат овој натпревар, тој ќе се случи“, изјави Кото, кој имаше 3 килограми помалку за средна категорија во овој меч.

print

Можеби ќе ви се допадне...