Мечот на шампионите за хет-трик на шампионот Гоце Јанески (ФОТО/ВИДЕО)

 

„Мечот на шампионите“ по трети пат заврши во рацете на нашиот најдобар боксер Гоце Јанески и тоа сосема заслужено, бидјеќи покажа многу добра борба против искусниот косовски боксер Ардит Делијај и тоа во една категорија погоре до 81 килограм.

За најдобар техничар е прогласен Оран Јашаровски, додека за најборбен пар се прогласени Рамон Казимов (Пинк Пантер) – Алпај Демиров (Баргала). Најдобар млад преспективен боксер е Кире Јаневски, најдобар тренер е Оливер Станков , а БК Шкупи е прогласен за најфер екипа. Стефан Цубалевски е прогалсен за најдобар судија.

Меѓународниот турнир „Мечот на шампионите“ по трет пат го организираше БК Аперкат од Скопје, а за отворен го прогласи претседателот на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) Игор Златков кој истакна дека турнирот е важен за селектирањето на репрезентацијата за „Златниот гонг“.

Од друга страна, имаше видео монитори на кои беа новитет на нашите рингови.

На турнирот настапија боксери од Македонија, Косово и Црна Гора.

Жени – сениори

-59 кг Бојана Стратијева (Универзалци) – Ангела Милошевска (Фајтер Илери) 2-0 (ТКО, Р1)

Стратијева напдна веднаш и Милошевска се најде во нокадун, а набрзо доби уште еден удар и борбата беше предадена.

Јуниори

-64 кг Кире Јаневски (Аперкат) – Сухејб Имери (Шкупи) 3-0

Јаневски и Имери велегоа во отворена борба, притоа боксерот на Аперкат на почетокот поодбро се снаоѓаше и пласираше прецизни удари. Како одминуваше времето така Имери беше поснаодлив и зададе неколку тешки уадри. Во втората Јаневски имаше една серија во синиот агол, потоа како да се истрошија и водеа борба на средината на рингот и повеќе беа во клинч. Но на крајот разменија по некој удар.

Третата рунда го одлучуваше победникот, а на Имери левиот директ го разбиваше блокот на Јаневски кој на моменти во серии задавше удари. Ова беше убава и безпоштедна борба со многу акција.

Сениори

-81 кг Ице Трајкоски (Ас) – Никола Петрушевски (Лав Куманово) 1-2

Судир на искуството и младоста. Искусниот Петрушевски ја водеше борбата, а Трајкоски напаѓаше и на една минута до крајот имаше успешен напад од директи и аперкати. На Петрушевски му броеја во втората рунда како резлутат на физичкиот пад, иако испраќаше аперкати, но Трајкоски беше упорен и напаѓаше. Кондицијата му беше противник на боксерот од Куманово во третата рунда во која зададе два силни аперкати во првата минута. Борбата заврши со два аперкати на Трајкоски. Трајкоски не ја прифати ваквата одлука и се тргна при подигањето на раката на победникот.

-81 кг Ардит Делијај (Беса-Косово) – Гоце Јанески (Аперкат) 0-3

Нашиот најдобар боксер се дигна една категорија погоре бидејќи немаше противник. Со подвижниот Делијај водеа техничка борба. Боксерот Косово имаше продорен лев директ, а Јанески искористи две-три ситуации и здаде прецизни крошеа и директи. Во втората рунда имаше демонстграција на чист и технички дотеран бокс. Прв напдна Ардит, при што во текот на борбата се менуваа нападите, но Гоце во последната минута беше многу поконкретен со неколку аперкати и директи.

Ниту во третата не се штедеа, ан а 1и 16 секунди имаше серија од удари Јанески кои му донесоа предност, додека во последните 30 секунди Гоце зададе уште два тешки удари. Извонредна борба за присутните гледачи.

Ова е генерална проба за Златниот гонг на Јанески и тоа со многу добар противник.

Кадети

-57 кг Оран Јашароски (Пелистер 2007) – Стефан Новаковски (Валхала) 2-0 (ТКО, Р2)

Боксерот на Пелистер демонстрираше техника и брзина на голем мајстор и уште во првите секунди го прати Новаковски во нокдаун, а до крајот на борбата уште еднаш. Шакироски беше супериорен. Во втората пак му броеја на боксерот на Валхала и борбата беше прекината. Публиката викаше Тајсон, Тајсон.

-57 кг Елес Асанов (Баргала) – Лука Филиповиќ (Лав Куманово) 3-0

Асанов ја водеше борбата и беше поконкретен во правта рунда со неколку серии на удари. Филиповиќ во втората почна да покажува немоќ, а Асанов беше сигурен во себе и ја заголемуваше предноста. Елес ја приведе борбата до крај и не дозволи да биде изненаден во третата рунда.

-60 кг Сенад Мустаф (Фајте Илери) – Трајче Илиоски (Ас) 0-2 (ТКО, Р1)

Илиоски од почетокот на мечот атакуваше, а наметнатото темпо Мустаф не можеше да го издржи ипобара борбата да биде прекината, неговиот тренер веднаш ха фрли крпата во рингот.

-66 кг Рамон Казимов (Пинк Пантер) – Алпај Демиров (Баргала) 0-3

Во штипската пресметка немаше штедење и во првата рунда бескомпромисно се бореа и двајцата боксери. Темпото не намали и во втората рунда. Тешко беше да се бројат разменетите удари. Како почнаа така и завршија. Демиров беше прогласен за победник, а Казимов налутен од ваквата одлука скокна од рингот и не го дочека подигањето на раката. Тешко беше да се одлучи победникот, но не беше за 0-3, во најмала рака беше 1-2. Истиот резултат можеше да биде и во корист на Казимов.

-80 кг Милан Цветановски (Водно) – Хурмет Јонузи (Шкупи) 0-2 (ТКО,Р3)

Цветаноски дебитираше на рингот, додека поискусниот Јонузи демонстрираше техничка подготвеност на високо ниво. Во втората рунда Јонузи ја водеше борбата од средината на рингот и напаѓаше во дадени момнети, а на карајот го опсипа со удари Цветановски кој не се подлегна на нападот. Носот му беше раскрвавен на боксерот на Водно во третата рунда, но ја продложи борабата. Сепак за кратко време повредата се обнови и докторот ја прекина борбата поради обилното крварење. Јонузи беше во предност и надмоќен, а големо браво за дебитанскиот бокс на Цветановски кој се бореше мошне храбро.

+80 кг Адријан Аземи (Шкупи) – Серген Демиров (Баргала) 3-0

Аземи и Демиров се бркаа по рингот во првата рунда, кој ќе зададе посилен удар. Уште пожестоко беше во втората рунда во која Демиров удираше посилно и едно време Аземи како да се исплаши, но се созема. Во третата Демиров имаше успешна серија на средината на рундата. Потоа и двајцата избегнуваа директна борба, доста време и се држеа, бидејќи многу се истрошија. Аземи имаше почисти удари. Многумина негодуваа на оваа одлука, затоа што сметаа дека боксерот на Брагала е подобар.

Јуниори

-69 кг Ристе Ристов (Пинк Пантер) – Омер Исени (Шкупи) 0-3

Ристов и Исени водеа борба од дистанца, а во последните 30 секунди Омер имаше три прецизни удари. И во втората и во третата рунда се продолжи со истото темпо.

-81 кг Али Елезај (Беса-Косово) – Петар Шипинкоски (Алексо Огеновски) 1-2

Воведната рунда помина во испитување на силите и претежно се водеше од дистанца без поголеми ангажмани. Исто така и во втората рунда се бореа од дистанца а при крајот на рундата Петар зададе удар со кој го здрма противникот. Во третата рунда борбата се разгоре на крајот. Елезај беше незадоволен од одлуката, а и дел од публиката.

-81 кг Никола Бубевски (Пинк Пантер) – Садик Битиќи (Беса- Косово) 2-0 (ТКО,Р1)

Батиќи ја предаде борбата на почетокот на рундата како револт на претходната борба..

Резултати

Жени – сениори
-59 кг Бојана Стратијева (Универзалци) – Ангела Милошевска (Фајтер Илери) 2-0 (ТКО, Р1)

Јуниори
-64 кг Кире Јаневски (Аперкат) – Сухејб Имери (Шкупи) 3-0

Сениори
-81 кг Ице Трајкоски (Ас) – Никола Петрушевски (Лав Куманово) 1-2
-81 кг Ардит Делијај (Беса-Косово) – Гоце Јанески (Аперкат) 0-3

Кадети
-57 кг Оран Шакироски (Пелистер 2007) – Стефан Новаковски (Валхала) 2-0 (ТКО, Р2)
-57 кг Елес Асанов (Баргала) – Лука Филиповиќ (Лав Куманово) 3-0
-60 кг Сенад Мустаф (Фајтер Илери) – Трајче Илиоски (Ас) 0-2 (ТКО, Р1)
-66 кг Рамон Казимов (Пинк Пантер) – Алпај Демиров (Баргала) 0-3
-80 кг Милан Цветановски (Водно) – Хумрет Јонузи (Шкупи) 0-2 (ТКО,Р3)
+80 кг Адријан Аземи (Шкупи) – Серген Демиров (Баргала) 3-0

Јуниори
-69 кг Ристе Ристов (Пинк Пантер) – Омер Исени (Шкупи) 0-3
-81 кг Али Елезај (Беса-Косово) – Петар Шипинкоски (А. Огеновски)
-81 кг Никола Бубевски (Пинк Пантер) – Садик Битиќи (Беса- Косово) 2-0 (ТКО,Р1)

Деца
-37 кг Диме Јаневски (Чигра) – Марио татули (Аперкат) – нерешено
-41,5 кг Петар Арсовски (Аперкат) – Филип Божовиќ (Бјело Полје-Ц.Гора) – нерешено
-54 кг Лука Трифуновиќ (Илинден) – Марко Ефремов (Аперкат) – нерешено
-59 кг Дарко Мрдовиќ (Бјело Полје-Ц.Гора) – Ибрахим Алија (Шкендија бокс) 2-0

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...