Мерсиха Беговиќ дојде и го освои златниот европски медал (ФОТО)

Мерсиха Беговиќ Делалиќ се врати на татамито и ја освои шампионската титула на Европското штокан првенство во карате кое се одржува во Скопје.

Мерсиха триумфираше во кати од 35 до 40 години откако во финалето славеше со 5-0 против Романката Силвија Тену. Но, овој пат медало беше за Босна и Херцеговина, каде што живее и работи, односно нејзиниот сопруг е од Сараево.

Таа на Македонија и донесе многу успеси во минатото, почнувајќи од некогаш силниот Светски куп во Мишколц во Унгарија, потоа од Европските првенства. Мерсиха е повеќекратен првак на Македонија.

А за Босна и Херцеговина има бронзен медал од Светското првенство во 2015 година во традиционално карате во дисциплината фу куго во и светска бронза во кати.

Првенството го искористи да се види со старите пријатели и репрезентативци, но и со учителот Живко Тасевски.   

Ipon.mk

print