Мек Грегор шест месеци нема да се бори, затоа што ја скршил раката?!

Konor mek gergor sedi na kafezot

Конор Мек Грегор е на списокот на повредени во борбите на УФЦ 194, а од снимката на зглобот на левата шака зависи дали Спортската комисија на Невада ќе му дозволи да се натпреварува

Ирецот ќе мора да направи рентген-снимка на зглобот на левата рака за да се утврди степенот на повредата што ја доживеал за време на мечот за титулата во перолесна категорија, во која за 13 секунди го нокаутира Хозе Алдо.

Мекгрегор го нокаутираше Алдо со својот прв силен удар, но сега му бараат рентген-снимка на левата рака за да се утврди дали има какви било повреди. Доколку наодот биде позитивен, Спортската комисија на Невада може да му изрече шестмесечна медицинска суспензија или до моментот кога лекарите ќе му ја санираат повредата.

И новиот шампион во средна категорија, Лук Рокхолд, може да се најде во слична ситуација, поради можни повреди на двете нозе. Тој го победи Крис Вајдман.

print

Можеби ќе ви се допадне...