Мек Грегор: Со челичната тупаница ќе владеам и во боксот и во ММА

Боксерскиот меч со Флојд Мејведер ќе биде првата, но не е последен во кариерата на Конор Мек Грегор.

Ирецот вели дека паралелно ќе ја продолжи кариерата во боксот со онаа во ММА.

„Го сакам боксот. Боксот ми  е драг целиот мој живот. И понатаму ќе се натпреварувам во боксот, како и во мешаните боречки вештини. Ќе владеам и со едниот и со другиот со челичната тупаница. Тоа е моето размислување“, изјави за новинарите по отворениот тренинг.

„Ќе се забавувам. Ми се допаѓа од оваа страна. Добро е. Атмосферата добро се загрева. Го сакам боксот, го сакам ММА, едноставно сакам да се борам. Така, каде и да е борбата, таму ќе ме видите и мене“.

Претседателот на UFC, Дана Вајт, рече дека очекува Мек Грегор да ја брани титулата на УФЦ во лесна категорија до крајот на 2017 година.

print

Можеби ќе ви се допадне...