Мек Грегор се погрижи борбата со Мејведер да биде уште поизгледна

Конор Мек Грегор се приближи уште еден чекор до организацијата на мечот со Флојд Мејведер Јуниор.

Според порталот Boxing News and Views, Ирецот на Атлетската комисијата на државата Невада ја платил казната за дивеењето на прес-конференцијата во пресрет на УФЦ 202, а со тоа ја поминал бариерата што му стоела на патот до боксерската лиценца во таа држава.

„Конор ја плати казната, но се уште не пријавил за лиценца на Атлетската комисија на државата Невада“, потврдија од Комисијата, но, за очекување е дека наскоро шампионот на УФЦ би можел да поднесе барање и со тоа да го реализира она што уште пред неколку месеци го најави и така на онаа од Калифорнија, да и приклучи уште една боксерска лиценца.

Да потсетиме, на Мек Грегор неодамна оригиналната казна му беше намалена на само 25.000 американски долари и 25 часа општествено-корисна работа.

print

Можеби ќе ви се допадне...