Мек Грегор на поминување изјави: Никаков Пакијао, идното е вистинската борба! (ВИДЕО)

Екипа на ТМЗ спорт успеа да го фати Конор Мек Грегор и од него да извелече некои информации за неговиот следен настап.

Нивната камера се најде меѓу фановите на Мек Грегор кои го фатија на излегување од објектот. Тој одлучи да подели неколку автограми, а за тоа време новинарот на ТМЗ се обиде да извлече нешто од него. Го праша кога ќе се бори следниот пат и дали во прашање ќе биде бокс и дали би можел да ги прокоментира гласините за мечот против Мани Пакијао.

„Следно што сакам е вистинска борба. Следното е ММА“, тоа е сè што усепаја да извлечат од ирскиот борец пред да влезе во автомобилот. Пакијао и боксот не ги коментираше, а се виде дека целта му е што е побрзо да ги избегне медиумите.

Инаку, Мек Грегор почна повторно да тренира, а се појавија некои фотографии од партерскиот спаринг, што наведува на заклучокот дека Мек Грегор навистина се подготвува за ММА борба. Сепак, според информациите од УФЦ, преговорите се уште не започнале.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...