Мек Грегор на каса во Амстердам: Нарачува канабис!? (ФОТО)

Британските медиуми експресноја лиферуваа најновата фотографија на Конор Мек Грегор, од неговиот одмор во Амстредам.

Сакајќи или не, ирскиот ММА борец го фатиле на каса во амстердамско кафуле, додека вработениот има кутија со канабис пред себе.

Од фотографијата не се знае дали е на Мек Грегор, бидејќи тој гледа некаде нагоре, како да се мисли што да нарача. Што и да одбрал, сигурно не е чоколадно млекце, со оглед на законите во Амстердам и соодветно на нив, понудата во кафулињата.

Мек Грегор веќе неколку дена е во Амстердам и постојано објавува каде е и што прави, но оваа фотографија не дојде од неговиот Инстаграм и е прва во ваква конотација.

Тој нема борба од 26 август, кога загуби од Флојд Мејведер, во неговиот прв наста во боксерски ринг. За таа борба заработи околу 100 милиони евра, а во последно време се зборува дека нема да им остане последна.

print

Можеби ќе ви се допадне...