Мек Грегор: Мејвдер би го заслужил моето почитување кога би стапнал во кафезот со мене

Флојд Мејведер објави видео од неговото влегување во кафез во салата во Лас Вегас.

Познатиот боксер со тоа веднаш ги поттикна шпекулациите за ММА борба со Конор Мек Грегор, кој летото го победи во боксерски меч.

Мејведер наскоро оди во Минесота на состанок со шефот на Шоутајм спорт, Стивен Еспиноза. Самиот Еспиноза изјави дека ќе разговара и околу потенцијалната ММА борба.

„Има шанса… Се на што ќе се намерачи, тоа некако и се остварува. Така тоа беше и со борбата со Конор Мек Грегор. Значи, ако така одлучи ќе има борбат“, рече Еспиноза.

Мек Грегор смета дека Мејведер по ова ќе мора да се бори со него во ММА меч.

„Знам дека тој флертува со таа идеја, но и ако навистина го направив тоа, тогаш ќе го има моето почитување. Мислам дека навистина ќе го заслужи почитувањето ако стапне во октагонот. Тој се вклучи, ние се вклучивме. Па ќе видиме“, изјави Ирецот.

„Се разбира дека гледам се што објавува Флојд. Ако сето ова е само приказна, тоа ќе го прогонува до крајот на животот, бидејќи на крајот не го направи тоа. Јас реков дека ќе го направам тоа и го сторив. Сега е редот на него. Отидов во неговиот спорт, сега тој треба да дојде во мојот“.

29-годишниот Мек Грегор во УФЦ не се борел од ноември 2016 година, кога ја освои титулата во лесна категорија.

„Монетално сум во преговори за борба со мојот следен противник и имаме многу опции. Тука е привремиот шампион во лесна категорија (Тони Фергусон), тука е непоразениот Дагестанец (Хбаиб Нурмагомедов), можеби голем руски настан, очигледно тука е и трилогијата со Дијаз, а, секако, тука е и борбата со Мејведер. Постојат многу опции. Во моментов седиме на маса. Овае се добри времиња, животот е добар“.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...