Мек Грегор и Нурмагомедов ја продолжија интернет војната: Твоите љубимци ги носам како бунди…и тоа само еднаш!

Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов ја продолжија војната на социјалните мрежи, која трае уште од 30 декември кога Русинот доминантен начин го совлада Едсон Барбоза на УФЦ 219.

Во вторник, според македонско време, Ирецот се огласи и му порача на Нурмагомедов дека „ќе ги убие неговите миленици и ќе ги носи како бунди… и тоа само еднаш“. Тоа беше одговорот на фотомонтажата на која Нурмагомедов го гони со мечка.

Русинот брзо одговори „дека бундата може да ја купи во Гучи, но дека во октагонот мечката ќе го изеде“. Го прозва Ирецот со “Мек Тапер“ или на македонски преведено „МекТапкарош“. Со нова доза на „валкан говор“ објави и фотографија на Мек Грегор од прес-конференцијата пред мечот со Мејведер на која е облечен само во бунда.

Нурмагомедов нешто подоцна продолжи. Објави кратко анимирано видео и фотомонтажа со која го исмејува Мек Грегор.

Интернет „валканиот говор“ тука застана. Барем за сега …

https://twitter.com/TeamKhabib/status/948124816611139589?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Ffightsite.hr%2Frubrike%2Fufc%2Fmcgregor-i-nurmagomedov-nastavili-rat-na-internetu-tvoje-ljubimce-nosim-kao-bunde-i-to-samo-jednom%2F

.

print

Можеби ќе ви се допадне...