Мек Грегор има шанси на средбата со Мејведер, еве зошто

Конор Мек Грегор има сериозни шанси да го победи Флојд Мејведер во претстојниот мегамеч. Според претседателот на УФЦ, Дана Вајт, Ирецот не само што не е аутсајдер, но и има многу причини да се смета дека ќе дојде до победа.

„Може и да не победи, но сигурно има шанси и не е отпишан. Не мислам дека има варијанта Флојд да го нокаутира. Запомнете дека Конор е човек кој може да зададе решавачки удар. Тој е 27, Флојд е 40 години, а Конор е доста голем и физички силен. но и има моќ за нокаут што го прави нивниот меч прилично интересен“, изјави Дана Вајт.

Откако дебитираше во УФЦ Мек Грегор има добиено седум од десет борби со нокаут или технички нокаут, а само две од 24-те професионални ММА средби не се завршени пред време. Мејведер, од друга страна, има само три нокаути во последните 15 победи (вкупно 49 од 49).

.

print

Можеби ќе ви се допадне...