Мек Грегор е уверен во победа во реванш меч со Нејт Дијаз

Mek Gregor za aldo-mrmac

Конор Мек Грегор е уверен дека би победил во евентуалниот реванш против Нејт Дијаз. Првиот нивни меч на УФЦ 196 на 5 март заврши со победа на Дијаз, кој успеа да го натера Ирецот да се предаде по здрава борба. Тоа беше деби за Конор Мек Грегор во полусредна категорија.

Зборувајќи за евентуален нов меч против Дијаз, Мек Грегор изјави дека цврсто верува во победа, и дека направил вистинските корекции, особено во однос на тежината и тренинзите. Тој уверува дека не настојува реваншот да се одржи во пониска категорија од претходниот пат.

„Каков борец би бил, ако кажам – „еј, не успеав да те победам во полусредна категорија, дојди тогаш да те пробам во лесна. Ќе направам корекции. Претходниот пат се трупав со храна за да ја достигнам потребното тежина. Сега нема да го направам истото“.

„Првите осум минути од средбата со Дијаз беа лесни. Да бидеме искрени, директно му ја погодив главата. Кога си со потрошено гориво, тоа е готово. Тој успеа да го постигне и оној удар, кој го врати во мечот. Дијаз беше близу до тоа да биде завршен. Уште еден или два прецизни удари и се ќе се завршеше за него“.

Мек Грегор кажа и детали во врска со тренажниот процес што го спречило да го покаже најдоброто од себе против Нејт Дијаз.

„Да тренираш на една неделата пред средбата со огромни напори не е најдоброто нешто. Обично правам работи поврзани со самиот меч, но поради тежината имав енергија која морав да јаљ потрошам. Правев толку многу скокови, што нозете ми се запалија. Гледајќи наназад, едноставно, сето тоа беше лудо. Дури не знам што мислев“.

„Видете ме сега. Риба, црвена зелка и аспарагус – дури не сум ни близу до тоа да имам натпревар, но сум точен со исхраната“.

print

Можеби ќе ви се допадне...