Мек Грегор до Мејведер: Правилата те спасија!

Се уште не е јасно кога и дали Конор Мек Грегор ќе се врати во октагонот, но тоа не му пречи да е активен на социјалните мрежи, притоа реди празнични честитки до неговите фанови со напади спрема поранешните и идни противници.

Тој не го одминуа и Флојд Мејведер, кој минатата недела изјави дека ќе се бори во УФЦ. Потоа брзо ги отфрли гласините, а Конор му се потсмеваше. Сега Ирецот повторно фати залет, велејќи дека Флојд ја ​​преживеал нивната средба само заради правилата по кои се бореле.

Shin bone to the cheek bone. The rule set kept you out the funeral home.

A post shared by Conor McGregor Official (@thenotoriousmma) on

„Ќе ти ја склоцав муцаката. Само правилата те спасија од гробот“.

Се чини дека ова ќе биде пораката што Мек Грегор ќе ја кажува и во иднина. Секој пат кога Мејведер ќе тврди дека го почитувал противникот за време на нивната бокс средба, Мек Грегор ќе потсетува дека не би преживеал и минута во кафезот, ако повторно се сретнат. И така до длабока старост … или додека Мејведер лично не се убеди во тоа.

print

Можеби ќе ви се допадне...