Мек Грегор го „поздрави“ Френки Едгар, најавувајќи го враќањето?!

Конор Мек Грегор најверојатно ќе се врати на крајот на годинава во рингот, а очигледно се знае и неговиот следен противник, а тоа е Френки Едгар.

УФЦ на официјалниот твитер-профил му честиташе роденден на Едгар, а Конор му коментираше на објавата.

„Среќен роденден Френки, се гледаме во декември“, порача Мек Грегор.

Едгар е 39-годишен борец, кој е член на УФЦ уште од 2007 година, а од тогаш имаше 25 меча, односно 17 победи, едно реми и седум порази, а последниот меч го имаше минатото лето со Макс Холовеј и го загуби со судиска одлука.

https://twitter.com/ufc/status/1184537994855964678?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1184537994855964678&ref_url=https%3A%2F%2Fsupersport.mk%2Farchives%2F118183
print