Медалите за Олимпијадата во Токио 2020 ќе се прават од мобилни телефони!

mobilni telefoni otpad

Медалите за Олимпијадата и Параолимпијадата во Токио 2020 година ќе бидат направени од стари мобилни телефони и мали електронски уреди. За таа цел од Јапонците е побарано да донираат стари мобилни телефони и мали електронски уреди за да се соберат два тона злато, сребро и бронза за 5.000 медали.

Јапонците со овој проект планираат да ја промовираат еколошка одржливост и намалување на трошоците за Игрите, кои веќе се оптоварени со голем буџет.

„Со овој проект, луѓето од Јапонија ќе учествуваат во креирањето на Олимпијадата. Нашата планета има ограничени ресурси, така што рециклирањето ќе не натера да размислиме за животната околина“, рече спортскиот директор на Токио 2020, поранешниот олимписки шампион во фрлање кладиво, Коџи Мурофуши.

print