Мајк Тајсон има предупредување за Ентони Џошуа

Никој не знае подобро за опасностите што демнат борецот кога стане светски шампион и суперѕвезда од Мајк Тајсон. Малку беа поголеми имиња во светот на спортот од Тајсон, кога беше на врвот. Во брзиот подем на Ентони Џошуа, луѓето почнуваат да забележуваат нешто што ги потсетува на Тајсон.

Џошуа во помалку од 20 професионални борби успеа да ги обедини ВБА и ИБФ светските титули и стана глобална суперѕвезда со победувајќи го големиот Владимир Кличко пред 90.000 гледачи на Вембли.

„Џошуа има потенцијал да направи големи нешта. Добро изгледа и фрла страшни уадри. Голем е притисок врз него“, вели Тајсон за „екселент бокс подкаст“ на Би-Би-Си и продолжи со предупредувањето.

„Титулата светскиот шампион во тешка категорија ги тера луѓето на лудило. Тоа е како круна од трње. Сите сакаат да те искористат за нешто. Тоа е како да си претседател на САД. Џошуа не смее да се замисли и да стане арогантен. Мора да се фокусира на борбите. Кога ќе се фокусираш на парите и девојките се почнува да оди надолу. Со тие работи можеш да се знаимаваш кога ќе завршиш со борбите. Ќе видиме дали ќе може да се справи со овие работи. Ова е негово време, можеби грешам, но ме импресионираше во борбата со Кличко“, заклучува познатиот Мајк.

print

Можеби ќе ви се допадне...