Мајк Тајсон го икспрска со вода Дон Кинг (ВИДЕО)

Легендата Мајк Тајсон го испрска со вода својот поранешен менаџер и промотор Дон Кинг за време на церемонијата на промовирање на новите боксери во Куќата на славните. Шоуто се случи во Канастота, Њујорк.

Инцидентот се случи за време на прес-конференцијата. Тајсон го плисна со вода Дон Кинг.

„Постапив како дете. Веројатно не требаше да го сторам тоа. Тој дојде кај мене и ме погали по рамото. Кажува дека ми пријател, но тоа се само глупости“,- објасни Тајсон.

Во текот на годините, Дон Кинг и Тајсон имаа многу подеми и падови. Во својата биографија Железниот Мајк раскажува како прочуениот промотор го ограбил со десетици милиони долари.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...