Мајкл Биспинг: Се колнам дека Хабиб ќе ги избоксира сите 12 рунди со Мејведер (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов и Флојд Мејведер изразија желба да ги одмерат силите во рингот откако Нурмагомедов го прозва непоразениот боксерски шампион. Флојд веднаш го прифати повикот, бидејќи ќе заработи многу пари, а тоа го сака, да заработува лесни пари. И додека многу луѓе го отпишуваат Хабиб во бокс мечот против Флојд, Мајкл Бисинг се колне дека Нурмагомедов ќе ги избоксира сите рунди со легендата.

„Се колнам во Бога дека Хабиб ќе ги избоксира сите рунди со Флојд. Не велам дека Хабиб е подобар боксер од Мек Грегор, ниту, пак,дека е поексплозивен, но има здрава брада и кардио, кое може да го држи со денови. Сепак, Флојд е стар и не е познато дали ја има нокаутирачката сила, иако има победи со нокаут. Тој може брутално да го наокутира Рики Хатон, но тој не е нокаутер. Хабиб навести дека не бил во можност да го собори Мек Грегор со удар, но тоа не беше план на Флојд.

Конор Мек Грегор беше премногу уморен и почна да ги прима сите удари без одговор. Тој беше исцрпен и судијата ја прекина средбата. Сепак, ова нема да се случи против Хабиб, бидејќи Флојд може да го скрши, но Хабиб секогаш ќе оди во него и ќе ги истера сите рунди. Конор, исто така, не беше далеку да ги издржи на сите 12 рунди“.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...