Мачида го нокаутира и го пензионира Сонен (ВИДЕО)

Лиото Мачида (26-8) го нокаутира и го пензионира Чаел Сонен (31-17-1).

На Белатор 222 во Медисон сквер гарден Бразилецот славеше со нокаут во втората рунда. 42-годишниот Американец уште на почетокот одеше на уривање, но откако се одбрани од овие искушенија „Змејот“ зададе неколку одлични удари во телото. Потоа го го собори Сонен со летечко колено и го нападна со граунд и паунд.

На почетокот на втората рунда Сонен повторно оди на уривање, но притоа прима удар со колено во брадата, паѓа, а Мачида го завршува со серија удари во партер.

По поразот Сонен ја заврши кариерата и ги остави ракавиците во кафезот.

Во главната борба на настанот Рори Мек Доналд (21-5-1) со едногласна одлука го победи Нејман Грејси и така влезе во финалето за Големата награда и ја одбрани титулата во велтер категорија (9-1).

Во финалето ќе се бори против Даглас Лима. Канаѓанецот против Лима стана шампион на Белатор, победувајќи го со едногласна одлука во јануари минатата година.

Шампионката на Ризин Хјоџи Хоригучи (28-2) го победи Дарион Калвел по втор пат (13-3) и стана шампион на Белатар во бантам.

Дилан Данис (2-0) дојде на втората ММА победа славејќи на крајот од првата рунда над Макс Хамфри (3-3).

Непоразениот Унгарец Адам Борикс (9-0) во втората рунда со летачкото колено го нокаутира борачот Арон Пико (4-4).

Белатор 222:

Рори Мек Доналд – Нејман Грејси (едногласна одлука на судиите, 49-46, 48-47, 48-47)
Лиото Мачида – Чаел Сонен (ТКО, Р2)
Дилан Данис – Макс Хемфри (сабмишн, армбар, Р1)
Хуан Арчулета – Едуардо Данта (KO, Р2)
Кјоџи Хоригучи – Дарион Калвел (едногласна одлука на судиите, 48-47, 49-46, 49-46)
Тејлор Тарнер – Хедер Харди (TKO, Р1)
Адам Борикс – Арон Пико (KO, Р2)
Валери Луреда – Ларкин Даш (едногласна одлука на судиите, 29-28, 30-27, 30-27)

print