Масвидал тешко го нокаутира Тил во Лондон (ВИДЕО)

Хорхе Маслидал (33-13, 10-6 УФЦ) го нокаутира Дарен Тил (17-2-1, 5-2-1 УФЦ) во главната борба на УФЦ во Лондон.

На 26-годишниот Англичанец ова му беше првата борба по поразот од Тајрон Вудли во мечот за титулата во велтер во септември минатата година, но не успеа да победи на домашен терен. Масвидал тешко го нокаутира во втората рунда со лево кроше.

Откако славеше над Доналд Цероне во јуни минатата година, Леон Едвардс (17-3, 9-2 УФЦ) постигна седум последователни победи. Борец роден во Јамајка, но кој живее во Англија, со поделена одлука на судиите го совлада Гунар Нелсон (17-4-1, 8-4 УФЦ).

Едвардс го собори Ислаѓанецот со лактот во втората рунда и го нападна со тежок граунд енд паунд. Се чинеше дека е многу блиску до прекин, но Нелсон успеа некако да преживее до крајот на рундата.

Доминик Рејес во Лондон го порази поранешниот предизвикувач за титулата Волкан Оездемир и продолжи со подемот во полутешка категорија на УФЦ.

29-годишниот Американец (11-0, 5-0 УФЦ) до петата победа во најсилната светска ММА промоција дојде со поделена одлука на судиите.

УФЦ Лондон:
Хорхе Масвидал – Дарен Тил (KO, Р2)
Леон Едвардс – Гунар Нелсон (поделена одлука, 29-27, 29-28, 28-29)
Доминик Рејес – Волкан Оездемир (поделена одлука, 29-28, 28-29, 29-28)
Натаниел Вуд – Хозе Алберто Кинонез (сабмишн, давење од позади, Р2)
Клаудио Силва – Дени Робертс (сабмишн, армбар, Р3)
Џек Маршман – Џон Филипс (поделена одлука, 29-28, 28-29, 29-28)
Марк Дијакисе – Џозеф Дафи (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-27)
Арнолд Ален – Џордан Риналди (едногласна одлука, 28-29, 29-28, 29-28)
Сапарбек Сафаров – Николај Негумереану (едногласна одлука, 29-26, 29-26, 29-27)
Деј Иге – Дени Хенри (сабмишн, давење од позади, Р1)
Моли МекКан – Присила Качеира (едногласна одлука, 29.28, 29-28, 29-28).
Мајк Грунди – Над Наримани (ТКО, Р2)

https://www.youtube.com/watch?v=hxhLJ_XtfnM&feature=player_embedded

.

print