Масвидал нокаутирал тројца во ноќен клуб

Хорхе Масвидал покажал до кај му се можностите во еден ноќен клуб претепувајќи тројца мажи.

Оваа приказна Масвидал му ја раскажал на Чалел Сонен, а се случило пред неколку години. Сонен во својот подкаст истакна дека пред неколку години Масвидал нокаутирал тројца мажи во еден ноќен клуб.

Инаку, зад Хорхе се уличните тепачки, а во октагонот е со скор 35-13. „Гејмбред“ не се плаши од никого и понекогаш е подготвен да скокне на неколку луѓе истовремено.

„Ако некој ви каже приказна за еден човек кој може да нокаутира тројца во ноќен клуб, тогаш тој е лажго. Само Хорхе Масвидал може да направи исклучок. Мајкл Биспинг ми кажа луда приказна во која главен актер е Хорхе. Тој бил во ноќен клуб и носел златен синџир.

 Двајца непознати се приближувале кон Масвидал, а едниот од нив имал кратко синџирче. Во овој момент Хорхе не знаел како да го сфати тоа и мислел дека ќе го ограбат. Хорхе го нокаутира оној со краткото синџирче, а потоа се врти и со кроше го нокаутира и другиот.

Тој одлучува да се сокрие додека се смират работите и се упатуваат кон тоалетите. Веднаш е следен од друг човек, а Масвидал го нокаутирал и него. Прашањето е, што ако оној што беше во тоалет не бил со нив? Масвидал изјави дека не можел да ризикува, па затоа го нокаутирал.

Пред да ви го кажам ова му се јавив на Хорхе, за да ми даде дозвола и тој рече дека не е проблем да ја раскажам случката. Тој ми го кажа само тоа и го затвори телефонот. Масвидал живее според свои правила и не смеете да ги кршите“, раскажа Сонен.

print