Мартин Стојменов прв на „Будимпешта опен 2016“ (ФОТО)

martin-stojmenov-prv-budapest-open

Каратистот на Партизан од Кочани, Мартин Стојменов, го освои првото место во категоријата до 60 килограми на „Будимпешта опен 2016“ во Унгарија.

Стојменов настапи во конкуренција на јуниори до 21 година, при што на убедлив начин стигна до златниот медал. Најпрво го совлада Французинот со 8-3, па Гркот со 8-0, потоа претставникот од Египет со 3-0 и во финалето со 5-0 славеше против домашен натпреварувач.

„Прекрасен медал за отворање на сезоната“, изјави големата надеж на македонското карате Мартин Стојменов.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...