Марко Тодоров го освои првото место на „Трофејот на Белград“ (ФОТО)

Марко Тодоров вечерва го освои златниот медал на Меѓународниот кик бокс турнир „Трофеј на Белград“. Тодоров (-57 кг) во лоу кик за јуниори во финалето со 2-1 славеше против Лазар Арсиќ од КБК Ниш.

Со овој резултат Марко и се придружи на Андреа Костовска, Миа Тодорова, Ледон Рамадани, Туркер Исмаил, Викторија Варадинова, Бобан Илиоски, Славче Арсов и Марјан Попадинов кои исто така освоија златни медали.

Инаку, ова е седмиот златен медал за КБК Шмапион од осум натпреварувачи и едно сребро.

Да посетиме дека сребрени медали освоија Мартин Митиќ, Иван Кукуновски и Ивановски Дилан. Бронза за Павел Стојчевски. Миа Тодорова доби пехар за најдобар кадет, а Викторија Варадинова за најдобар јуниор.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...