Маријана Димокска е сениорски шампион на Австралија, сестра и Мишела вицешампион (ФОТО)

 

Маријана Димоска беше подобра во финалето против сестра и Мишела Димоска во кати на Националното превнство на Австралија за сениори.

Ова е втора 1-2 победа на близначките Маријана и Мишела откако вчера во У-21 исто така се закитија со златен и сребрен медал. Во овој сестрински дуел резултатот е 2-0 за Маријана, односно две титули на Австралија.

Маријана на патот до златото ги совлада Мариана Сампанис 3-2, Емили Кро 5-0, Грејс Бургес 5-0 и во финалето 3-2 против Мишела. Додека Мишела до финалето славеше против Анжелика Хименез, Кели Хоинвил, Меезан Дикинсон.

Од другите Македонци на Националнто првенство на Австралија со медали се закитија Стефани Димовска – златен, карти, деца; во истата категорија Макајла Тасевска го освои сребрениот; Филип Јованоски – сребро, кати, У-10; Макајла Тасевска – бронза, кумите – 47 кг, деца.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...