Манхоеф немилосрден, Гергес поразен, Немков му го расипа дебито на Карваљо во полутешка категорија (ВИДЕО)

Белатор уште еднаш се врати во Италија за да биде домаќин на ММА и кик бокс настанот.

Melvin Manhoef gets the finish at Bellator Milan

WOW! Melvin Manhoef gets the job done in the very first round, stopping Yannick Bahati with some nasty ground and pound! What a finish here at #BellatorMilan.Watch live now on Channel 5 🇬🇧 and the Bellator App.

Posted by Bellator Europe on 2019 m. spalio 12 d., šeštadienis

Во делот за ММА на Мелвин Манхоеф – „Без милост“ (32-14-1-2 НЦ) достоен на неговиот прекар во Милано со немилосрден граун енд паунд во средината на првата рунда го нокаутира Англичанецот Јаник Бахати (9-5-1 НЦ).

Алесио Сакара (21-13-2NC) имаше лесна работа пред домашните навивачи против Американецот Канан Григсби (8-8) кој го запре со серија удари за само 23 секунди.

Alessio Sakara stops Canaan Grigsby

It's over!Fan favourite Alessio Sakara stops Canaan Grigsby in the very first round with a thunderous body shot. #BellatorMilan

Posted by Bellator Europe on 2019 m. spalio 12 d., šeštadienis

Во главната борба на вечерта, Вадим Немков (11-2) го расипа дебито во полутешка категорија на поранешниот шампион во средна категорија, Рафаел Карваљо (16-4). 27-годишниот Русин го победи шест години посатриот Бразилец со странично давење во втората рунда.

Хеси Гергес ја загуби и втората ММА борба. Египјанецот во вториот меч во Белатор е поразен од Молдавецот Драгош Зубко (3-1).

Кирил Сиделников (12-6) на поени го доби Домингос Баросо (6-1) од Зеленоротските Острови кој го нокаутира Гергес во неговото деби на ММА.

print