Мани Пакијао: Ќе му одржам лекција на Турман

Суперѕвездата на професионалниот бокс Мани Пакијао му се закани на ривалот Кит Турман (САД). Тие ќе се борат оваа сабота во Лас Вегас. Влогот е светската титула во полусредна категорија.

„Турман има само една задача – да се подготвува за овој меч. А кај мене се три работи. Јас сум борец, општествен деец, а во сабота вечер ќе бидам негов учител. Слушав сè што изнакажа за мене. Слушав што планира да направи со мене на оваа средба. Овие зборови не ме лутат, туку ме инспирираа. Го направив еден од најдобрите кампови во овие години. Турман ќе биде сериозно изненаден од она што можам да го направам во рингот“, порача Пакијао.

print