Мани Пакијао потпиша договор со Ризин

Очигледно дека Ризин не престанува да флертува со најдобрите во боксери, бидејќи долгогодишниот опонент на Флојд Мејведер, Мани Пајкијао, потпиша договор со оваа организација и ќе учествува на Ризин 15.

Во декември минатата година од РИЗИН го убедија легендарниот Флојд Мејведер да се бори за нив во Токио, каде што славеше против непоразената јапонска кик бокс ѕвезда Теншин Насукава за помалку од 3 минути. Ризин му и исплати девет милиони долари.

Нобујуки Сакакибара, претседателот на Ризин, изјави дека Мани ќе учествува, но сè уште не е познато против кого ќе се бори и во која  улога.:

„Сега сум на Филипините. На Ризин 15 ќе земе учество Мани Пакијао. Подготвени сме да објавиме сè кога ќе се вратиме во Јапонија“.

Мани Пакијао ќе се вклучи на настанот, кој ќе се одржи подоцна овој месец, но е малку веројатно да се бори. Ќе чекаме со интерес да дознаеме каква ќе биде неговата улога.

print