Мани Пакијао изгуби милиони од Најк поради хомофобија

Mani precekan vo Manila

Мани Пакијао го загуби милионскиот договор со Најк, откако во јавноста ги изнесе своите хомофобични ставови.
Филипинецот истакна дека хомосексуалците се полоши од животните, поради својата сексуална ориентација.

„Дали сте виделе животните да имаат секс со ист пол? Животните се подобри бидејќи прават разлика помеѓу мажите и жените. Тоа значи дека тие луѓе што не знаат да направат разлика, се полоши од животните“, изјави Пакијао.

Иако постојат безброј примери на хомосексуално однесување кај животните, големиот боксер сепак остана на својот став, иако под притисокот на јавноста малку се подизвини.

„Се уште стојам на својот став дека хомосексуалните бракови се погрешни, бидејќи така стои во Библијата. Но жалам доколку ги навредив припадиците на ЛГБТ заедницата, ве сакам сите и се молам за вас“.

Се разбира дека ова збунивачко извинување не му помогна премногу на Пакијао, кој поради своите „ставови“ остана без спонзорството на Најк.

print